Дела на Петра Јовановска на изложба во Пригорје

Македонската уметница Петра Јовановска и полскиот уметник Крзиштов Бартник претставуваат дел од своето творештво на заедничка изложба, која под насловот „Патувајќи низ круг и квадрат“ е отворена во хрватско Пригорје. Во Музејот на Пригорје за авторите и нивните дела на отворањето говорела историчарката на уметност Санда Станачев Бајзек.
Петра Јовановска се претставува со својата ликовна серија „Јас и кругот“, додека Крзиштов Бартник, кој е професор на ликовниот оддел на Институтот за ликовни уметности при Факултетот за уметност во Лабин (универзитет „Марија Кири Склодовска“), со своите истражувања на квадратот како микрокосмос.