Светскиот ден на шeгата, 1 Април, во Кратово ќе биде одбележан со две претстави во
продукција на театарот „Провокација“ од Скопје. Во Мултимедијалниот центар Кратово
денеска, од 10.30 часот, ќе биде изведена претставата за деца „Зеленковци“, а за возрасната публика вечерта, од 20 часот, комедијата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“, која две години се игра на сцената на театарот „Комедија“. Билетите за оваа претстава се веќе во продажба во домот на културата „Лазар Софијанов“.

– „Зеленковци“ e eколошко-едукативна интерактивна претстава за деца. Ќе биде бесплатна за дечињата во соработка со градинката „Царка Андреевска“ и основното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Кратово. Таа се реализира како дел од програмата за култура на општината Кратово, во рамките на активноста „1 Април, ден на шегата“ – информира Јасмина Давитковска од општината Кратово.