Денеска, во „Милениум чапел“ во Сент Џулијан, на Малта, македонската композиторка Дарија Андовска ќе се претстави со целовечерен мултимедијален концерт насловен „Течен – кристал“ како што е наречено и нејзиното авторско цеде во издание на СОКОМ. Автор на видеата е Мартин Иванов.

Дарија Андовска се смета за една од најплодните македонски автори, со широк спектар на дејствување. Делата ѝ се изведувани, издавани и наградувани во повеќе земји.