„Фантазија апасионата“ е насловот на симфониски концерт што ќе се одржи вечерва, во 20 часот. Под диригентската палка на инспиративниот диригент од Холандија, маестро Конрад ван Алфен, ќе бидат изведени дела од македонскиот композитор Владимир Николов, премиера на неговата „Цветови Јасмин и црвени костени“, од белгискиот композитор Анри Виетан – Концерт за виолина и оркестар бр. 5, како и премиера на неговата „Фантазија апасионата“, од каде што потекнува и насловот на концертот, и Симфонијата бр. 3 наречена „Шкотска“ од Феликс Менделсон.

Како солист, овој пат ќе се претстави австрискиот виолинист Бенџамин Шмид, кој се смета за еден од најпопуларните европски виолинисти за кого се снимени неколку документарни и концертни филмови. Неговото име стои во книгата „Големите виолинисти на 20 век“ од Жан-Мишел Молкоу, како еден од најзначајните виолинисти.