Искра Шукарова, кореографка и професорка при ФМУ-УКИМ, катедра за балетска педагогија – програма за современ танц, гостува во Конзерваториумот за музика и балет во Љубљана.
Гостувањето на Шукарова во периодот од 5 до 9 јули е поддржано од „Еразмус плус програмата“, за да ги сподели своите предавања со студентите од Вишата балетска школа при Конзерваториумот за музика и балет, презентирајќи примери од методиката, импровизацијата и композицијата во полето на современиот танц.
Шукарова има и финална презентација на делата на студентите, со што ќе се заокружи нејзиниот академски престој како дел од програмата.