Во Сараево, Босна и Херцеговина, денеска се одржа прес-конференција за медиумите по повод гостувањето на Националната опера и балет во Сараево со музичко- балетскиот спектакл „Кармина бурана“. На прес-конференцијата присуствуваше директорот на Националната опера и балет, Васо Ристов и нашиот сопран Наде Талевска.

Претставата ќе биде изведена на 30 ноември во салата „Мирза Делибашиќ“, Сараево. Во овој музичко-балетски спектакл настапуваат 200 уметници.

Оперските солисти: Наде Талевска, Андреа Ѕаупа (Италија), Дејан Стоев.
Балетските солисти: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Игор Веланоски, Мирослав Митрашиновиќ.
Хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Диригент: Емир Нухановиќ (БиХ).

Овој музичко-балетски спектакл на сцената во Сараево се изведува после 30 години.