Популарниот сплиќанец Горан Каран предизвика почит кај своите обожаватели, со кои периодов комуницира на социјалната мрежа Фејсбук, но истовремено и ги растажи. Тој објави снимка посветена на 15-годишното девојче кое настрада во неодамнешниот земјотрес во Загреб. Два дена лекарите се бореа за нејзиниот живот.

– За девојчето од Клаиќевата болница – порача сплисткиот пејач, пред да ја испее песната во придружба на својата гитара, на својата официјална страница на Фејсбук.

Снимката веќе ја виделе над 200.000 лица. Многумина изразувајќи сочувство до семејството, во коментарите му порачаа на Горан Каран дека има големо срце и оти на убав начин сочувствува со трагедијата.

„Мирно спиј душо мала. Под ѕвездите не си сама, те љубам. Каде се ангелите,еден цвет во рајот недостасува а тоа си ти…“, се вели во рефренот на песната што Каран му ја посвети на згаинатото девојче, засега единствена жртва во силниот земјотрес што во неделата го погоди Загреб.