Добитник на признанието Големата ѕвезда на македонскиот филм за 2019 година е композиторот Љупчо Константинов.

Константинов ова високо признание го доби за музиката во филмовите „Среќна нова 49“ и „Тетовирање“.

Љупчо Константинов е роден во 1946 година во Охрид. Музичко образование завршил во Битола, а подоцна студирал музика на Музичката академија во Белград.

Досега за своето музичко творештво добитник е на многубројни награди и признанија. Меѓу нив најпознти се „Златна арена“ на фестивалот во Пула, „Златни ловорови венци“ на МЕС Сараево, за театарските престави „Електра“, „Шехерезада“, „Фаус“.

М.М.