Годишната изложба на дела од Родољуб Анастасов ќе биде отворена вечерва, во 19 часот, во галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ во Музејот на градот Скопје. На изложбата ќе бидат презентирани триесетина ликовни дела што потекнуваат од различни временски периоди (од 1959 до 2005 год.) и им припаѓаат на неколку различни циклуси од творештвото на Анастасов. Тоа се слики од циклусите „Во потрага по изгубениот простор“, „Човек и време“, „Спектар на светлосниот извор“; акварели и пастели од еден од најпознатите и најобемни циклуси од творештвото на Анастасов – „Човек и простор“ и цртежи изработени во техниката туш на хартија од т.н. енформелска лабораторија…

Изложбата ќе биде поставена во галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ до декември 2020 година. Родољуб Анастасов е роден во 1935 година во Скопје, Македонија. Професор по сликарство на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во пензија. Дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Белград. Пет години бил член на меѓународната група „Јуниј“, а за неговото творештво се објавени две монографии.