Во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје“, во просториите на ЕУ-инфоцентарот, денеска, со почеток во 11 часот, амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, ќе ги додели наградите од конкурс за новинари, под наслов „Визија за европско Скопје“. Конкурсот го објави Дирекцијата за култура и уметност, со поддршка на делегацијата на ЕУ.