Делегација од општина Прилеп и Советот предводена од градоначалникот Илија Јованоски од основното училиште „Блаже Конески“ денеска положија свежо свеќе и се поклонија пред спомен плочата во домот на основоположникот на современиот македонски јазик, Блаже Конески. Целта на дешешната посета на спомен домот на Блаже Конески во Небрегово, беше промоција на книгата „Погледи во минатото/Избрани теми од македонскиот писмен јазик“ од професор д-р Људмил Спасов. Промоцијата на овој научен труд во кој се собрани дела од великанот Конески е во рамките на одбележувањето на 5 –мај Денот на македонскиот јазик.

– Институтот за македонки јазик со особена чест, денеска доаѓа во посета на спомен куќата на великанот Блаже Конески, сето ова е во чест на 5 –мај, Денот на македонскиот јазик востановен оваа година и прав пат чествуван оваа година. Имаме чест што заедно со колегите од Филолошкиот факултет во Скопје, со градоначалникот на општина Прилеп и Советот за македонки јазик при Владата имаме можност да му одаддеме почит на Блаже Конески и да присуствуваме на промоцијата на последното дело на професорот Људмил Спасов – истакна професор д-р Елена Јованова Груевска, директор на Институтот за македонски јазик.

Во книгата „Погледи во минатото/ Избарни теми од македонскиот писмен јазик“ станува збор за историјата на македонскиот писмен јазик и она што е многу важно станува збор за дел од предавањата кои Блаже Конески ги има држено пред своите студенти на Филозофскиот факултет во Скопје.

– Како претседател на Советот за македонски јазик се надевам дека не само што ќе го поддржиме споменот на Конески, туку и ќе го развиеме, ќе го афирмираме, бидејќи Конески е еден од столбовите вградени во македонската култура. Сакам да порачам дека нас ни останува да го чуваме и чествуваме македонскиот јазик, 5 –мај да го користиме како ден кога ќе оддадеме почит особено во основните и средните училишта и факултетите и да се потсетиме дека сме македонци и дека со македонскиот јазик не се служат само оние кои се македонци, туку и сите државјани на Република Северна Македонија и пошироко надвор од нејзините градници – истакна проф. д-р Људмил Спасов автор на книгата „Погледи во минатото/ Избрани теми од македонскиот писмен јазик“.

На промоцијата од страна на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп беа доделени пофалници на сите заслужни иституции и поединци кои со својата работа и придонес во одржувањето и зачувувањето на родната куќа на Блаже Конески како културен споменик.