Кај Музејот на современа уметност вечерва во 20 часот ќе се одржи нов концерт од програмата „Култура во време на Корона“, во рамки на кој музичката група EYE CUE ќе одржи едночасовен настап, најавуваат од Град Скопје.

За наредните денови се планирани и изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби.

Сите настапи ќе бидат емитувани во живо на фејсбук страницата на Град Скоје и официјалниот јутјуб канал.

Град Скопје, заедно со градските културни институции, месецов објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“.

Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.