Вечерва во уметничката галерија од Центарот за култура во Кичево, во присуство на голем број љубители на уметноста од сите генерации, беше отворена изложбата „Москва денес“, која се базира на официјални фото-материјали доставени од главниот град на Русија и го отсликува современиот урбан живот во руската метропола.

– На вечерашната изложба „Москва денес“ преку фотоматеријали беше презентиран современиот урбан живот во Руската метропола. На изложбата која содржи 30 фотографии од голем формат, претставени се најголемите знаменитости на Москва, објекти од културниот, спортскиот и верскиот живот на метрополата. Присутните на изложбата можеа да ги видат и Црвениот плоштад, Кремљ, универзитетот „Ломоносов“, московското метро, стадионот „Лужники“, црквата „Св. Василиј Блажени“ и многу други планетарно познати знаменитости на овој град. Изложбата се одржува во рамките на одбележувањето на 24 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Русија и Македонија, а ја организираа руската амбасада во земјава и руската државна агенција „Россо трудничество“ – истакна Маја Николоска–Сиљаноска од Ц.К. во Кичево.

Изложбата во Кичево ќе биде отворена до 6 мај. З.А.