Вечерва, во 20 часот, театарот при домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци ќе ја изведе премиерата на претставата „Ужасите предизвикани од пасивното пушење“ или најавена под краткото име „Пасивно пушење“, работена по текст на Небојша Ромчевиќ, а во режија на Јордан Витанов како гостин од Велес. Претставата првпат е играна пред две години, на сцената на театарот „Звездара“, но и денес е исто толку актуелна и свежа, а вечерва првпат ќе биде изведена во Македонија.
„Пасивно пушење“ е комедија во која се исмева европската бирократија, во која очигледно многу се крстат балканските политичари, меѓутоа токму во тој хумор се провлекуваат и тоа како вистинити и горчливи пораки. Ми.М.