„Во длабоко и танцувајте“ – мултимедијален настан во МСУ

Во Музејот на современата уметност во Скопје се одвива првиот мултимедијален настан „Во длабоко и танцувајте“ на уметницата Весна Стефановска. Изложбата содржи десетина дела на авторката од 1998 година меѓу кои инсталации во простор, видеоинсталации, перформанс и „реди мејд“ содржини, групирани, артикулирани во циклусите „Отсуство“, „Возови рефлексии“, „Дојдете да видите како пoминува времето“, „Ничија“ и „Часовник“, како и премиерата на првата инсталација и перформанс од делото „В кревет“ – истражување на нашиот однос кон потсвеста и интимноста, која секако треба да се открие.

– Во сценографија конципирана од самата авторка, оваа изложба го прегрнува речиси целиот нејзин yметнички опус ставајќи го акцентот на делата реализирани од почетокот на 2000-титe години и група нови досега неприкажани дела. Паралелно со поставката во Музејот на современата уметност, а во рамките на изложбата „Во длабоко и танцувајте“, уметницата нуди две инсталации во јавен простор под наслов „Возови рефлексии“ во Старата железничка станица и „Oтсуство“ на друга локација во градот, трансгресирајќи ги на тој начин границите помеѓу ентериерот и екстериерот, тука и таму, отворен и затворен, личен и јавен простор. Како дел од овој пристап кон просторот инсталацијата „Oтсуство“ ќе биде реализирана во повеќе збратимени градови на Скопје во странство и на пошироко интернационално ниво – велат од МСУ.

Изложбата е реализирана со поддршка и соработка со Музејот на современата уметност, Град Скопје, Министерството за култура и Францускиот институт во Скопје.
Ова е нејзината втора самостојна изложба во земјава, по изложбата „Прозорец“ реализирана во 1997 година. Во меѓувреме се забележани нејзиното учество на изложбата „Нарцисизми“ во 1999 година и перформансот „Ничија“ пред Универзалната сала во 2018 година.