Во Народната и универзитетска библиотека во Битола беше одбележан
светскиот ден на поезијата со промоција и разговор за книгите „Некои златни времиња“ од писателот Васил Тоциновски и „Судбината на буквите“ од Мирјана Стојановска. Стихови читаа Симеона Павловска и Мартина Костофски, а музичката изведба беше на извонредниот баритон Драган Микаревски.

Во интерактивна комуникација со публиката, Тоциновски говореше за посебната
моќ на поезијата да го менува и облагородува светот. Мирјана Стојановска пак, го нагласи конотативното значење на зборовите по примерот на големиот лингвист и теоретичар Роман Јакобсон, како игра на зборовите преку кои таа ја пишува поемата „Судбината на буквите“, со акростих на нашата Македонија. Судбината на секоја буква од името „Македонија“ претставува посебно пеење во оваа поема каде фонемите го носат дејството во оваа поема, како голема незвесност за нашата земја во изминатиот период кој завршува со оптимистичка нота за светлата иднина на нашата земја.

Манифестацијата ја организира Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола
во соработка со НУУБ.