„Покажи ми го Моне“ (масло на платно) првпат беше прикажана пред 15 години, како дел од втората галериска изложба на Бенкси во Лондон. Потекнува од серијалот колективно познат како „Сурови масла“, кои го вклучуваат она што Бенкси го нарекува „ремикси“ на канонски уметнички дела

Верзијата на уличниот уметник Бенкси на импресионистичкото ремек-дело на Клод Моне се продава во лондонската галерија „Сотби“ за околу 3-5 милиони фунти. Сликата, наречена „Покажи ми го Моне“, е создадена во 2005 година. Базирана на познатата слика „Водени лилјани“ на Моне, оваа верзија е исполнета со превртени колички за пазарење и сообраќајни конуси што тонат во водата.
„Сотби“ го продава делото од 3 до 5 милиони фунти. Ќе се најде на аукција во живо во Лондон на 21 октомври, но претходно ќе биде претставено во Њујорк и во Хонгконг.
„Покажи ми го Моне“ (масло на платно) првпат беше прикажана пред 15 години како дел од втората галериска изложба на Бенкси во Лондон. Потекнува од серијалот колективно познат како „Сурови масла“, кои го вклучуваат она што Бенкси го нарекува „ремикси“ на канонски уметнички дела. Во него, уметникот го зема и разорува јазикот на историјата на уметноста за да ги пресоздаде реномираните уметнички дела во свој стил. Меѓу нив, „Сончогледите“ на Винсент ван Гог се прикажани овенати или мртви, „Најтхокс“ на Едвард Хопер прикажува лут човек облечен во боксерки „јунион џек“, момент откако го скршил прозорецот од барот со столче, а „Мерилин Монро“ од Енди Ворхол повторно се соочува со Кејт Мос.

Три од најспектакуларните големи слики на Моне од оваа серија исто така ќе бидат собрани во Националната галерија во Лондон за првата изложба на декоративна уметност од импресионистичките сликари во септември 2021 година.
– Во една од своите најважни слики, Бенкси го зеде иконскиот приказ на Моне на јапонскиот мост во познатата градина на импресионистичкиот сликар и го пренесе во денешно време и место. Во езерцето што повеќе личи на канал, Бенкси „фрла“ колички за пазарење и флуоресцентен портокалов сообраќаен конус. Како постојано присутен глас на протест и социјално несогласување, и тука Бенкси го обелоденува проблемот на непочитување на животната средина од страна на општеството во корист на потрошувачката – вели Алекс Бранчик, европски раководител на современа уметност во „Сотби“.

Последниве години посведочивме за неколку дела на Бенкси на аукции, но ова е едно од неговите најсилни и најиконични што се појавиле досега. Од „Љубовта е во канта за отпадоци“ и рекордниот „Деволуиран парламент“, до оваа верзија на Моне, овој октомври едноставно не би бил комплетен без Бенкси.
Минатиот октомври „Парламентот“ на Бенкси, кој ги претставуваше пратениците во Долниот дом како шимпанза, беше продаден за 9,9 милиони фунти, што, според организаторите, е рекорд за уметникот.