Македонскиот диригент Виктор Митревски ќе ја диригира операта „Свадбата на Фигаро“ од В.А. Моцарт во австрискиот град Вајдхофен ан дер Ибс. Продукцијата е во рамките на проектот „Опера наоколу“. Митревски ќе води три изведби на Моцартовата опера, едната беше на 21 јули, а следуваат уште две претстави, денеска и на 28 јули.
– Станува збор за уметнички ансамбл што од година на година сѐ повеќе се етаблира на австриската музичка сцена преку изведба на оперски дела на нестандардни и невообичаени места надвор од конвенционалниот театарски подиум.

Основач и режисер на „Опера наоколу“ е АнаБернрајтнер. Jа имам и таа привилегија да соработувам со еден од најталентираните диригенти од помладата генерација во Австрија, Рафаел Шлуселберг, со кого соработувам веќе неколку години – вели Митревски.
По овој проект, Митревски ќе работи на детска опера во Виенскиот театар, каде што диригира веќе трета година.