„Анатомија на векот“ е насловот на видеопроектот на уметникот Гоце Наневски што ќе биде прикажан вечерва, со почеток во 20 часот, во киното „Мис Стон“, при центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, со поддршка од Министерството за култура. Станува збор за најнов проект, видеотрилогија на Наневски, во кој три индивидуални видеа имаат концепциско-документаристички карактер.

Аспектот на интервјуто е клучниот двигател во модулирањето на посебните тематски микронаративи. Гоце Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран, преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест.