Велешкиот театар со комедијата „Вдовицата се мажи“ во режија на Младен Крстевски освои две награди на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ кој се одржа во Москва.

Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ доби награда за најдобра странска претстава и награда за најдобар ансамбл за  актерите Марина Поп Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски. 

„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон П. Чехов напишана во 1888 година. Претставата е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. 

Сценографијата е на Филип Коруновски, костимограф Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова.