Во текот на месец мај Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес ќе настапи на три интернационални театарски фестивали во Бугарија и Русија

На 15-ти мај со претставата „Шумата на моето дрво“ од Сашо Димоски, во режија на Александар Ивановски, а во копродукција со „Северно од Импакт“, Театарот ќе настапи на Интернационалниот театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа“ во Благоевград, Бугарија. Во претставата настапуваат актерот Васил Зафирчев и композиторот Сашко Костов.

 
На 17-ти мај, Театарот ќе настапи и на Интернационалниот театарски фестивал на претстави за деца „Волшебната завеса“ во Трговиште, Бугарија со претставата за деца „Волшебникот од Оз“ од Л.Френк Баум, во драматизација на Катерина Момева, а во режија на Александар Ивановски. Во претставата настапуваат актерите Талија Настова, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев, Марија Стефановска, Александар Велјановски, Маја Љутков, Кети Борисовска и Драгана Босниќ.
 
 
Од 25-ти до 31-ви мај, со комедијата „Вдовицата се мажи“ според „Мечка“ на А.П.Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски, Театарот ќе настапи и на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика – Лобња“ во Москва, Русија. Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски.