Една од најбараните претстави во „Театар комедија“ од Скопје и претстава што ги соборува рекордите во гледаност на ниво на целата држава е претставата „Вардарски пастуви“, во режија на Синиша Евтимов. Оваа претстава и годинава ќе гостува во градовите низ нашата земја, а само уште неколку изведби ја делат од јубилејната 100-та изведба.

Според годишната програма за 2020 година, одобрена од Министерството за култура, претставата „Вардарски пастуви“ во ноември годинава ќе гостува и во Австралија.
Ова гостување на „Театар комедија“ е поддржано од страна на Министерството за култура, а значајна поддршка за гостувањето на оваа театарска куќа даде и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми.