Уметницата Валентина Илијевска од Куманово, од денеска до 25 април ќе учествува на Меѓународната ликовна колонија Египет 2018.

Колонијата ја организира Универзитетот во Миниа, а ќе учествуваат околу 25 учесници од различни држави Аргентина, Италија, Јордан, Индија и други земји.

– Чест ми е и задоволство што сум дел од оваа организација и презентер од нашата македонска уметничка сцена. Креативно ќе се работи од 14-25 април со попатни патувачки изненадување и запознавање во убавините на древната култура и уметност, но во овој дел доминира застапеноста на Коптите. Делата директно таму ќе се создаваат и со самото затворање на колонијата ќе се одбележи со изложба на изготвените дела – изјави Илиевска.

Таа за учеството на оваа колонија доби поддршка и од градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитреивски. Инаку Илиејвска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на одделот за графика и графички техники, а магистар е по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Учествувала на групни изложби и колонии во Македонија и Европа и реализирала бројни самостојни изложби.