Буден Театар ја почнува кампањата „Мижи! Замисли промена“ преку која се стреми да ги поттикне возрасните граѓани и децата активно да се вклучат во мапирање на еколошките проблеми и да „замислат“ можни решенија за почист и поубав град.

Кампањата е отворена за сите жители на Скопје и околината.

Најдобрите десет фотографии со испишаните детски замисли за промена ќе бидат изложени на фреквентна локација во Скопје и ќе бидат дел од промотивната кампања на Меѓународниот фестивал за детски театар ФЕНЕР.

Во рамките на фестивалот ФЕНЕР ќе бидат организирани три еколошки акции со кои ќе се оствари промената која е замислена од страна на децата. Буден Театар го задржува правото да ги одбере трите фотографии и идеи според кои ќе ги реализира овие акции, во однос на она што во моментот е остварливо.