Бугарската поетеса Наталија Неделкова со книга на македонски

Неодамна, под псевдонимот ЗумБула, бугарската поетеса Наталија Неделкова ја објави нејзината книга „Стапица за поетски соништа“. Станува збор за книга што не е објавена во препев на македонски, туку песните во книгата се изворно напишани на македонски јазик. Псевдонимот, пак, доаѓа како кованица од два збора, Зум од интернет-платформата, која во периодот на ковид-19 е често користена за поетски средби на далечина, и Була од баба Зумбула, ликот од култниот македонски филм „Бал кан кан“.

Книгата „Стапица за поетски соништа“ ја објави угледното бугарско издателство „Либра скорп“ од Бургас, Бугарија, а редактор и рецензент на книгата е македонскиот поет и водител Ѓорѓи Калајџиев. Ф.Д.