Новото истражување спроведено од научник на Универзитетот во Базел, во Швајцарија, се фокусира на тоа како супериорната визуелна острина на Леонардо да Винчи би можела да му помогне на италијанскиот уметник да прикаже одредени моменти, вклучувајќи ја и мистериозната насмевка на Мона Лиза, во неговите дела.
Дејвид Талер, кој има објавено два труда за визијата и уметничките дела на Леонардо, ги истражува начините на кои уметникот забележува „слики што во реалниот живот се случуваат само за момент“. Талер го фаворизира физиолошкиот преглед на „брзото око“ на Леонардо наспроти анализите на тоа дали неговите вештини биле резултат на природата или нивното негување, што биографите на уметникот ги користеле претходно.

Во врска со темата „Мона Лиза“, Талер пишува дека енигматската природа на насмевката на субјектот би можела всушност да претставува минлив момент на насмевка. Можеби Леонардо ја имал способноста бавно и ефикасно да ја забележи насмевката на Лиза, и со тоа да ги фати најзначајните минливи движења.
Неговото прво истражување продолжува да ги анализира големите белешки на Леонардо за летот на птиците, што може да послужи како доказ за извонредната визуелна перцепција на уметникот. Талер исто така сугерира дека уметникот Катсушика Хокусаи, кој создал детални слики и принтови од природни појави, можеби имал слично засилен вид.

Во своето второ истражување, Талер ги разгледува „физичките и психофизичките механизми, кои ја поткрепуваат употребата на ’сфумато‘“ (техника на сликање што овозможува омекнување на транзицијата помеѓу боите и имитирање на област надвор од фокусот на човечкото око) во портретите на Леонардо.
– „Брзото око“ на Леонардо најверојатно му овозможило да ги препознае моменталните слики и нивниот делумен фокус. Алтернативно, тој можеби го одржувал погледот стабилно и доволно долго, а тоа му помогнало да препознае диференцијална острина во рамките на визуелното поле, кое се одржува натприродно мирно поради концентрација, страв или наклонетост – пишува Талер.