Годинашното 22. издание на Биеналето на Сиднеј го носи името „Нирин“, што значи „раб“ на јазикот вираџури, кој го користеле Вираџурите, одредена група Абориџини. Предводен од домородни уметници, „Нирин“ собра повеќе од 700 уметнички дела од 101 уметник и колектив од целиот свет

Следејќи ги најновите упатства поставени од официјалните претставници на австралиската влада поради ковид-19, минатата недела, Биеналето на Сиднеј ги затвори своите јавни изложби на неодредено време. Но Биеналето сепак ќе се одржи, нудејќи ѝ на публиката можност да ужива во поставките преку интернет, односно преку партнерство со „Гугл“. Љубителите на уметноста низ светот сега ќе можат лесно да се вклучат во изложбите преку платформата „Гугл уметности и култура“.

Годинашното 22. издание на Биеналето на Сиднеј го носи името „Нирин“, што значи „раб“ на јазикот вираџури, кој го користеле Вираџурите, одредена група Абориџини. Предводен од домородни уметници, „Нирин“ собра повеќе од 700 уметнички дела од 101 уметник и колектив од целиот свет. Новото виртуелно издание на Биеналето ќе вклучува дигитални верзии на своите изложби и програми, вклучувајќи виртуелни прошетки, поткасти и курирани тури.

– Биеналето на Сиднеј со нетрпение чека да ја види својата публика назад на физичките изложби тогаш кога Владата ќе смета дека е безбедно повторно отворање. Дотогаш, тимот на Биеналето на Сиднеј ги охрабрува сите да се грижат еден за друг за време на ова предизвикувачко време и, кога ќе бараат врски во изолација, да се вклучат преку интернет – се вели во соопштението од Биеналето.
Ова откажување е една од најновите настани во светот на уметноста, под влијание на зголеменото ширење на ковид-19. Тринаесеттото издание на биеналето на Манифеста, кое треба да се отвори на 7 јуни во Марсеј, е одложено поради вирусот. Второто издание на Меѓународното биенале за современа уметност во Рига, кое ќе се одржи во главниот град на Летонија, исто така е одложено.