По повод Меѓународниот ден на музеите – 18-ти Мај, влезот во Музејот на Македонија на 18 мај 2018 година ќе биде бесплатен. Во таа пригода, на посетителите ќе им биде подарена по една публикација.

По истиот повод, заедно со илјадници музејски институции низ целиот свет, Музејот на Македонија и годинава ќе земе учество манифестација „Ноќ на музеите“. Овој значаен настан посветен на движното културно наследство ќе се одржи на 19 мај 2018 година. Во таа пригода, во 21:00 часот ќе биде одржан концерт на групата Next to Silence.

Музејот ќе биде отворен во ноќните часови, од 19:00 до 1:00 ч. по полноќ. Влезот ќе биде бесплатен, а посетителите ќе имаат можност, покрај постојаните музејски поставки, да ја погледнат и изложбата на ликовни дела на Васко Ристовски „Македонска наивна уметност“.