Националната опера и балет, поради големиот интерес на публиката најавува втора
изведба на балетскиот концерт насловен „Балетски бисери“ на 5 февруари (петок) со почеток во 20 часот. Балетскиот концерт ги опфаќа најубавите балетски дела „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба
предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска, а посетителите се молат да ги почитуваат мерките за заштита. Билетите се во строго ограничен број.