Балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола утре, 20 јуни, со почеток во 20 часот ќе биде одиграна во Националната опера и балет.

„Либертанго“ нè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена.

Кореограф е Сабрина Боско (Италија), режисер и либретист: Наташа Поплавска, сценограф и костимограф: Александар Ношпал.