Балетската претстава „Ла, ла, ла“ ќе се одигра на 6 јуни на малата сцена на НОБ со почеток во 21 часот. Станува збор за модерен балет за оние што сонуваат за среќа и едни времиња во кои живеевме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови – ништо не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот освен една стара музичка миксана лента. Секоја миксана лента раскажува една приказна од различно време. Музиката е таа која не води на незаборавни патувања. Кореографијата е на Саша Евтимова, музиката на Македонски евергрини. Настапуваат истакнати солисти и балетскиот ансамбл при НОБ.