Балетот „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус ќе биде изведен на 6 декември на големата сцена на Националната опера и балет (НОБ).

Кореограф на оваа украинско-македонска копродукција е Виктор Јаременко, уметничкиот директор на еден од трите најпознати балетски ансамбли во светот – Балетот во Киев, сценограф е Андреј Злобин, додека креатор на костимографијата е Гана Ипатиева. Оркестарот од пултот ќе го води диригентката Бисера Чадловска.

– Волшебна приказна за ветерници, ‘совршената’ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу. Станува звор за балетско дело поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатиот Дон Q пасс де деуx, кој дава акцент на целата претстава – се вели во најавата на НОБ.

Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска, Васил Чичијашвили (Грузија), Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска, Александар Петковски и Лора Тарчуговска.

Во оваа балетска претстава учествуваат и балетскиот ансамбл и оркестарот на НОБ, како и деца од балетскиот оддел на нижо и средно балетско образование при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.