Престижниот саем на современата уметност „Арт Базел“ во швајцарскиот град Базел го одржа своето 49-то издание. На него се претставија вкупно 291 галерија од целиот свет, а во понудата беа дела од повеќе од 1.400 автори. Уште на првиот ден по отворањето, апстракција на американската уметница Џоан Мичел од 1969 година му беше продадена на еден приватен европски колекционер за вртоглави 14 милиони долари. Ова, според критичарите, покажува дека доаѓа одлична доба за авторките.
„Арт Базел“ започна како скромен уметнички саем, кој прерасна во клучен настан и една од најголемите уметнички изложби во светот. Обично е домаќин на над двесте галерии од различни земји, заедно со дела на најпознатите современи уметници.