Антонија Гиговска со песната насловена „Никогаш не вели никогаш“ е победник на 33-тото издание на фестивалот на забавна мелодија „Макфест“.

Второто и третото место им припаднаа на Роберт Билбилов и Дани Димитровска според гласовите на стручното и медиското жири, како и гласовите од присутната публика во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Антонија својата победа ја посвети на мајка си, наедно на фејсбук и го честита и роденденот. 

Награди од по 500 евра добија Наташа Малинкова за најдобра интерпретација, Нина Блажев за најдобар дебитант, Пепа за сценски настап и Роберт Билбилов за најдобар аранжман.