Издавачката куќа „Антолог“ го објави историскиот и шпионски роман „Конци на судбината“ од Марија Дуењас, книга што авторката ја вбројува во редот на најчитаните автори во Шпанија. Во него, како што напоменува издавачот, се испреплетуваат високата мода, политичките заговори и тајните служби.
– Младата шивачка Сира Кирога во 1936 го напушта Мадрид спроти граѓанската војна за да замине со Рамиро, човек кого го познава кратко и во кого е лудо вљубена, оставајќи ги зад себе свршеникот и самохраната мајка. Се сместуваат во Тангер, светски и егзотичен град, во кој на почетокот водат живот од приказните. Таму Сира доживува тешко предавство и останува сама и со многу долгови, принудена да се пресели во Тетуан, каде што со помош на пријатели со сомнителен углед отвора модно ателје за отмени клиентки. Пред крајот на граѓанската војна и во текот на подготовките за Втората светска војна во Европа, судбината ја поврзува со важни историски личности… – стои меѓу другото во посочената содржина на романот. Тој е објавен со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија во рамките на проектот: „Европа е храбри нови зборови, прекрасни нови светови“ (Europe is BRAVE NEW WOR(L)DS).