Аница Трајкоска „Вешта жена“ на Кичево за 2019 година

Аница Трајкоска „Вешта жена“ на Кичево 2019 година

По 18-ти пат во ресторан во Кичево се одржа манифестацијата „Вешта жена“. Во изедначена конкуренција по вторпат за Вешта жена на Кичево е прогласена Аница Трајкоска за аранжманот „Античка маса“.

-На годинешната 18-та по ред манифестација „Вешта жена“ на Кичево за 2019 година, во конкуренција беа три маси и тоа масите на Ана Тодороска, Панде Јовческа и Аница Трајкоска, чија маса Антика беше прогласена за најдобра, а тоа и овозможи да биде прогласена и за Вешта жена на Кичево за 2019 година. Со освојувањето на оваа титула, Трајкоска се здоби со право да учествува и на завршната манифестација во Тетово. Во Гран При за првпат учествуваше Оливера Ширгоска и таа ќе биде дел од Републичката манифестација Вешта жена, што ќе се одржи пролетва во истиот град. Манифестацијата беше збогатена и со доделување на повеќе благодарници и тоа на Розета Лазареска за 15-годишно учество на истата, а беа прогласени и три ВИП жени и тоа: од областа на менаџментот Цена Ѓорѓијоска, од образованието Силвана Ѓоргоска и од здравството Малина Ацеска – информира Јагода Петреска, претседателка на организацискиот одбор.

Трите маси во конкуренција за „Вешта жена“

Победничката Аница Трајкоска беше презадоволна што по вторпат е прогласена за Вешта жена на Кичево.

– Многу сум задоволна од изборот да бидам прогласена за Вешта жена за 2019 година за Кичево. Темата Антика ја избрав затоа што сакав оваа година да ја претставам преку изгледот на масата, колку во минатото се живеело поедноставно, но сепка и во тие околности многу елегантно – додаде Трајкоска.