Најновиот анимиран филм на Тоде Ристо Блажевски „Душогрижници“ (2018), во продукција на „Тобла студио“ од Скопје, беше прикажан на интернационалните филмски фестивали во Букурешт, Романија (2018), Бафусам, Камерун (2019), Жилина, Словачка (2019) и Битола, „Браќа Манаки“ (2019), а планирана е и проекција на Меѓународниот фестивал на анимиран филм што ќе се одржува во периодот од 24 до 28 октомври во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Тоде Ристо Блажевски е познат како карикатурист, неговите карикатури се појавуваат во голем број домашни и странски весници и списанија: „Остен“, „Млад борец“, „Нова Македонија“, „Вечер“, „Бирлик“, „Република“, „Комунист“, „Трудбеник“, „Просветен работник“, „Металург“, „Мит“, „Корени“, „Огледало“, „Современост“, „Свет“, „Стожер“, „Стремеж“, „Виц“, „Стршел“ и „Плави стрип“. Блажевски исто така се занимава и со проучување на теоријата на карикатурата и автор е на аналитичката книга „Аспекти на карикатурата“.