На 24 и 25 мај, како специјален гостин на Саемот (салонот) на книгата во Санкт Петербург, ќе учествува нашиот писател Венко Андоновски.

На 24 мај тој ќе учествува на меѓународна тркалезна маса со повеќемина странски писатели, на тема „Перспективите на книжевноста денес“.

Наредниот ден е предвиден разговор за делото на нашиот писател, што ќе го води во моментов најпопуларниот руски писател, Евгениј Водолазкин, припадник на истата книжевна генерација како и Андоновски.