На вчерашното Свечено Собрание на Друштвото на филмски работници, едногласно беше избран новиот директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, актерот Симеон Мони Дамевски.

Според статутот на Друштвото на филмски работници, мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот.

Мони Дамевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера, соопштија од Друштвото на филмски работници.