Овогодинешното 18-то издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“ 2020, ќе го има своето официјано отворање, како и секоја година, пред „Сарајот“ во Ресен, еден од најзначајните културно-историски обележја на Преспа и пошироко. На свеченотоста, за добитник на главната награда, Актер на Европа 2020 ќе биде прогласена познатата актерка Арта Доброши од Косово.

Фестивалот „Актерот на Европа“, кој традиционално се одржуваше од 6 до 11 јули, оваа година ќе се одржи во периодот помеѓу 25 и 30 август. Оваа одложување се должи пред сѐ на ситуацијата која настана со глобалната пандемија ковид-19, па соодветно на тоа, сите настани на фестивалот ќе се одржуваат на отворено, со сите безбедносни мерки, согласно протоколот на Владата.

Како што е познато, овој фестивал започна летото 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија.

Со ова престижно признание, Арта Доброши, своето име ќе се вгради во европската меморија на Балканот покрај имињата на досегашните добитници, како што се Љуба Тадиќ (Србија), Јон Карамиитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне (Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија), Селма Алиспахиќ (БиХ), Марија До Сеу Гера (Португалија) итн.

Интересно е да се одбележи дека во 18-годишното постоење, оваа единствената
интернационална манифестација на бреговите на Преспанското езеро, има околу 200
библиографски единици во најпознатите европски новински медиуми како „Фигаро“, „Монд“, „Гардијан“ итн., и секоја година, огласите во светските медиуми за фестивалот се се побројни.

Престижната награда Клучевите на Преспа 2020, оваа година ќе ја добијат Амбасадорот на Република Франција Н.Е. Кристијан Тимоние и познатиот кардиохирург од Лос Анџелес, САД, со македонско потекло Д-р Стивен Бибевски.

На истата церемонија, традиционалната Голема повелба „Балканот – Срцето на Европа“, под покровителство на Academia Balkanica Europeana, ќе им биде доделена на истакнатите македонски стопанственици Ирена Јакимовска, сопственик и менаџер на „Comfy Angel“, Слободан Кутревски од Пекабеско, Неби Хоџа, Претседател на стопанската комора на Северозападна Македонија, како и Арис Влахос, Прертседател на Здружението на грчки бизниси во Северна Македонија.

Фестивалот свечено ќе биде отворен со стиховите од класиците на македонскта, грчката и албанската поезија, а потоа ќе следуваат поздравните говори на Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски, Почесниот претседател на фестивалот Бранислав Мичуновиќ-Жага, Претседателот на интернационалното жири Мето Јовановски и Ректотот на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима и Претседател на фестивалот, Јордан Плевнеш.

Повеќе информации на http://www.actorofeurope.net/