Џејми Ли Кертис за „Медена земја“: Колку совршен филм, воодушевена сум

185

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња.

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на Твитер упати пофални зборови за „Медена земја“.

– Колку совршен филм во овој момент. „Медена земја“ е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум – напиша Ли Кертис.