Јубилеен концерт на Факултетот за музичка уметност

55

Во големата сала на филхармонијата, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде одржан свечен концерт по повод 53-годишнината од основањето на Факултетот за музичка уметност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ќе настапи Симфонискиот оркестар на факултетот, кој го сочинуваат негови студенти на додипломски и постдипломски студии, како и хорот „Драган Шуплевски“ при истиот факултет, подготвен од проф. Сашо Татарчевски. Со настапот на оркестарот и на хорот ќе раководи маестро Борјан Цанев, во чија богата уметничка кариера влегува долгогодишното раководење со Македонската филхармонија и со концертите на познатите светски оркестри и реномирани солисти. На концертот ќе се претстават и студентите по оркестарско диригирање: Ана Спасовска и Бехар Весели од класата на Цанев и Магдалена Кочоска од класата на Татарчевски. На програмата се дела од Волфганг Амадеус Моцарт. Влезот на концертот е слободен.