Јапонски филмови во Кинотека

114

Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Јапонија во Скопје, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, од денеска до 25 октомври организира Недела на современ јапонски филм. Во четирите фестивалски вечери во терминот од 20 часот ќе бидат прикажани четири нови филмови од јапонската кинематографија, снимени од 2013 до 2016 година.

Неделата на современ јапонски филм ќе почне со проекција на играниот филм „Животно ветување“ во режија на Кан Ишибаши и со Такеш Китано во една од главните улоги 2016 година. Режисерот Кан Ишибаши има богато телевизиско искуство и сторијата ја има сместено во милјето на ТВ-продукцијата и фестивалите.
Во наредните денови ќе бидат прикажани и: „Ванкувер Асахи“ во режија на Јуја Ишии, „Пеј го мојот живот“ на Нобуо Мизута, и „Искра на животот“ во режија на Банџи Сотојама. Сите филмови се со македонски и со англиски превод.