Јавен повик за уметнички престој во Скопје

116

Во рамки на активностите на проектот „Креарт“ – Мрежа на градови за уметничко творештво (CreArt – Network of Cities for Artistic Creation), градските власти објавија отверен повик за уметнички престој во Скопје.

Повикот се однесува за уметнички престој и работа во Скопје за двајца уметници, еден уметник кој живее и работи во Скопје и еден уметник кој доаѓа од 11-те градовите-учесници во проектот (Ливерпул, Ваљадолид, Џенова, Лече, Клермон-Феран, Руен, Загреб, Каунас, Лублин, Катовице и Авеиро).

Уметниците треба да работат во просториите на Културно- информативниот центар-Скопје од 20 мај до 20 јуни, а на крајот од престојот ќе се организира изложба со новосоздадените дела.

Културно-информативниот центар-Скопје како организатор ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето за уметникот кој доаѓа од градовите-учесници во проектот, трошоци за престој до 400 евра, а ќе бидат обезбедени и материјали за работа во износ не поголем од 500 евра. За уметникот кој доаѓа од Скопје, организаторот ќе ги покрие локалните патни трошоци, дневни трошоците до 100 евра и ќе бидат обезбедени материјали за работа во износ не поголем од 500 евра. Секој уметник ќе добие 250 евра како авторски надомест за изложбата.

Заинтересираните потребно е да обезбедат во еден документ во ПДФ формат: лична карта или пасош (скенирана копија), кратка биографија и целосно портфолио со уметнички дела, краток предлог-проект (една страна од А4) и графичка документација поврзана со престојот.

Пријавувањето за учество од заинтересираните уметници е директно преку веб-страницата на проектот и се врши директно со пополнување апликација на следниот линк.

Рокот за пријавување е до 20 април 2018 година.

Град Скопје од 2017 година стана партнер во „Креарт“ (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции.