Што читаат граѓаните на Македонија?

184

АНКЕТА

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје, во рамките на својата годишна програма, реализира истражувачки анкети од сферата на образованието, едукацијата, културата и уметноста. За таа цел веќе се реализирани анкетите: кои личности и настани во културата и уметноста ја одбележаа минатата година, што и колку читаат средношколците и каква литература читаат студентите. Најновата анкета за тоа што читаат граѓаните на Македонија се спроведе низ библиотеките во земјава.

– На прашањето кои книги од странски автори беа најчитани во 2018 година во вашата библиотека, беа издвоени следниве наслови: „Бојата на златото“, „Девојката врана“, „Сестрата сенка“, „Сестрата создадена од бура“, „Принцезата Султана“, „Казна за гревот“, „Те нема никаде“… На прашањето кои пет книги од македонски автори беа најчитани во 2018 година, библиотекарите ги издвоија „Другата“, „Споменка“, „Бездомникот со златен часовник“, „Се гледаме на врвот“, „Гол човек“, „Жива меѓу мртвите“, „Вештица“… – велат од издавачката куќа „Феникс“.

Меѓу најпопуларните странски автори се посочени: Роуз Тремејн, Ерик Аксл Сунд, Лусинда Рајли, Јелена Бачиќ Алимпиќ, Зорана Шулц, Линдвуд Баркли, Елен Гоуџ, Тес Геритсен, Џејн Ен Кренц, Карлос Руиз Зафон, Паоло Коељо, Јасмина Кадра, Тес Геритсен…, а меѓу домашните: Горјан Петревски, Петре М. Андреевски, Венко Андоновски, Коста Петров, Игор Џамбазов, Ниче Димовски, Винка Саздова, Лидија Димковска, Румена Бужаровска…

Анкетата ги опфати и најпопуларните жанрови, а според одговорите предничат љубовните романи за деца, тинејџерски, стручни, за возрасни, крими, психолошки книги, трилери и книги за самопомош.