Шеридан: Ирска е како кинематографер на Британија, „не постои“, ама тука е

43

Светски познатиот режисер, сценарист и продуцент, Џим Шеридан кој се наоѓа во Битола, денеска во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“  одржа мастер клас. Шеридан чии филмови се ремек делата „Моето лево стопало“ и „Во името на таткото“, на фестивалот пристигна во својство на претставник на Европската филмска
академија (ЕФА). Тој истакна дека е изненаден од сериозноста на на начинот кој е организиран фестивалот.

– Ја разгледував програмата и забележав дека многу голем дел од филмовите кои овде се селектирани да се прикажат се одлични – рече Шеридан.

На прашањето како влијае брегзит врз Ирска, Шеридан одговори со ангедота:

– Ирска е како кинематографер на Британија, не „постои“, ама тука е. Ние им бевме закана на Британците на некој начин. Во минатото на границата со Ирска се граделе кули и доколку не е некој закана за тебе нема да градиш такви кули. Британците сметаа дека Европјаните ќе ја искористат Ирска за да ја нападнат Британија. Така другите гледаа на оваа мала католичка земја, која беше назадна и старомодна. И тоа е нашата историја – рече тој говорејќи за политичката историја на неговата земја.

Шеридан зборуваше е и за неговиот филм „Во името на таткото“, и за тоа како политиката и црквата ги разделуваат семејствата.

Шеридан е роден во Даблин 1949 и е еден од водечките автори, сценарист-режисер на ирската кинематографија. Врв на неговата кариера и воопшто врв на ирската кинематографија е ремек-делото „Во името на таткото“, кој на Берлинскиот фестивал во 1994 ја освои „Златната мечка“, по што филмот се закити со уште 7 други светски награди и рекорден број номинации, меѓу кои се 7 номинации за „Оскар“, 4 номинации за „Златен глобус“ и 2 номинации на БАФТА.