„Четири перформанси, една идеја“ изложба на Мифтар Мемети

35

Во галеријата „Чифте-амам“ на 26 август, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на уметникот Мифтар Мемети, под наслов „Четири перформанси, една идеја“. Овој најнов проект на Мемети опфаќа четири тематски целини на кои авторот работел веќе подолго време и им ги посветил последните десет години од неговото творештво. Станува збор за проект инспириран од албанската историја и култура, а публиката ќе има можност да види вкупно 350 слики во мал формат работени во маслена техника. Тие се меѓусебно поврзани и комбинирани во посебни целини, на комплексни мозаични слики, формирајќи четири поединечни дела во голем формат.