Фотографии на Африм Спахиу во „Чифте-амам“

112

Изложба на фотографии од Африм Спахиу ќе биде отворена вечерва, во 19.30 часот, во националната галерија „Чифте-амам“ во Стара чаршија. Спахиу е исклучително значаен автор за историјата на македонската уметност, тој е основоположник во сферата на современиот балкански филм – директор на фотографија и истакнат фотограф во регионот со редица самостојни изложби во значајни галериски простори во регионот и пошироко. Oва е негова прва голема презентација во Македонија, каде што ќе бидат изложени дела од изминатите речиси педесетина години од неговото творештво.

Дипломирал на Академијата за театар, филм и телевизија на Универзитетот во Загреб, во класата на Никола Танхофер. Работел во Радио-телевизија Приштина и како директор на фотографија во „Косовафилм“. Тој е директор на фотографија на повеќе од 15 филма од 1977 година до денес. Добитник е на неколку награди. Африм Спахиу е професор, фотограф и продуцент на уметноста.