Филхармонијата ќе го прослави 75-от роденден со пијанистката Зи Зи

37

На 21 ноември, по повод 75-годишнината од формирањето, Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт симболично насловен „Среќен роденден“, на кој како солист ќе настапи исклучителната кинеска пијанистка Зи Зи. Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а на програмата се Концертот за пијано и оркестар од Јоханес, „Фантазија корале“ од Томислав Зографски и варијациите „Среќен роденден“ од младиот македонски композитор Филип Иванов.

Зи Зи се смета за една од најуникатните појави меѓу новата генерација пијанисти. Почнала да учи пијано на пет години во Германија, а по враќањето во Кина, таа станува една од најзначајните млади пијанистки и настапува во водечките кинески оркестри. Своето музичко образование го комплетира на „Џулијард“ во Њујорк.

Добитничка е на голем број награди, меѓу кои и на главната награда на натпреварот „Кралица Елизабета“ во 2013 година. Борјан Цанев е еден од најактивните и најпродуктивни македонски диригенти. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, магистрира на Државната музичка академија во Софија, Р Бугарија, а специјализира на Кралскиот музички колеџ во Лондон, В. Британија. Добитничка е на наградата „Аугуст Ман“ за најдобар диригент на Кралскиот музички колеџ, а настапува и со Лондонскиот симфониски оркестар во рамките на мајсторскиот курс на сер Колин Дејвис. Филхармонијата континуирано расте и се развива, а во текот на изминативе седум децении активно музицира, изведувајќи комплексни дела, со врвни солисти и диригенти, кои во моментов се актуелни на светската музичка сцена. Филхармонијата е единствена институција во земјава што го афирмира и изведува симфониското музичко творештво. Преку редовните концерти, филхармонијата ја етаблира и ја промовира класичната музика, приближувајќи ѝ ја оваа форма на музицирање на разнородна публика од различни генерации. Токму преку разнородниот програмски концепт, кој главно ротира околу класиката, со повремени концертни содржини што изгледуваат надвор од строгите рамки на т.н. железен репертоар, Македонската филхармонија во последниве години успеа да регрутира нова, помлада публика.