Филмскиот фестивал за млади „Џифони“ патува во Берово

666

Филмскиот фестивал за млади „Џифони“ утре и задутре гостува во Берово.
Во текот на двата дена во Бизнис-центарот во Берово учениците ќе ги гледаат италијанскиот филм „Девојка во лет“ и холандскиот филм „Малиот гангстер“, ќе дебатираат под модераторство на актерката Нина Максимова. Креативноста ќе ја надградуваат под менторство на Зорица Нушева во актерската работилница, со Роберт Јанкуловски на работилницата за фотографија и Моника Мотеска на ликовната работилница.

Преку филмската програма, дебатите и креативните активности тимот на фестивалот „Џифони Македонија се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги истакне естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат.